Тие се од Македонија, а продават печени костени среде Швајцарија, ОВОЈ ПАР БУКВАЛНО СИТЕ ГО ОБОЖАВААТ (ФОТО) – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеМагазинСемејство

Тие се од Македонија, а продават печени костени среде Швајцарија, ОВОЈ ПАР БУКВАЛНО СИТЕ ГО ОБОЖАВААТ (ФОТО)

Во Луцерн парот го знаат со име и презиме.

Сезоната на продажба на печени костени во Швајцарија официјално започна во средата. Можеби ќе мислите дека нема ништо интересно што почнала една ваква сезона, но грешите. Во оваа позната сезона на костени во Швајцарија, главни протагонисти се брачен пар од Македонија.

Дашурие и Гезим Исмаили од Кичево ги знаат сите во швајцарскиот град Луцерн по незаменливите костени што ги подготвуваат.

За отварањето на сезоната на костени, парот Исмаили информираше преку Фејсбук, а нивните потрушувачи ги преплавија со разни позитивни коментари.

Фејсбук

За семејство Исмаили оваа сезона е посебна затоа што е и јубиларна. Тие во овој бизнис се веќе полни триесет години.

Главната нивна цел е потрошувачите да бидат задоволни со квалитетот на костените.

– Ние печеме убави костени, што го докажуваат и потрошувачите – вели Дашурие Исмаили, која веќе 8 години го работи овој овој бизнис со својот сопруг.

Сопругот Гезим, пак, вели:

– Продажбата на костени е традиционален бизнис. Среќни сме што досега успешно ја менаџираме оваа професија, сите потрошувачи се задоволни и нашата работа високо ја вреднуваат – изјавил тој за “Shtegu.com“.

Фејсбук

Големиот број на потрошувачи во Луцерн парот го знаат со име и презиме, а за многубројните туристи во овој град, тезгата со костени претставува атракција, па затоа е едно од најфотографираните.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close