Тие се најсреќни на светот, а загубија со 30:1 (ВИДЕО)
Откако во првото коло Кореја загубија со неверојатни, рекордни 64:0 од Унгарија пред својата публика, во второто успеа барем да ја оствари својата цел.
Во последниот дел од натпреварот, при водство на Русинките од 27:0, ватерполистката Дасеу Кјунг имаше свој момент на слава.
Го постигна првиот погодок за Корејките, што предизвика големи емоции, солзи радосници кај ватерполистките на оваа азиска ватерполо селекција.
Во групата Б после две одиграни кола водат Унгарија и Русија со по четири бодови, ниту еден селекциите на Канада и Јужна Кореја.
Во останатите групи досега максимални четири бодови имаат уште репрезентациите на Италија, Шпанија и САД.