Тие се најпозната нејзина карактеристика, но дали и најскапа? Доли Партон ги расчисти гласините за нејзините гради

доли партон
Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Доли Партон конечно прозборе и расчисти една од најголемите гласини кои се поврзани со неа.

Веќе некое време се шпекулира дека градите на 76-годишната музичарка се осигурани, а сега таа конечно проговори и ги стивнува сите дилеми по тоа прашање.

Гласините дека нејзините гради се осигурани започнале пред неколку години откако таа лично слушнала дека и нозете на Бети Грејбл се осигурани, но Доли вели дека сето тоа било шега за неа и дека не ги осигурала градите.

доли партон
Фото: EPA/TRACEY NEARMY AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

„Тоа не е вистина. Пред неколку години, дали актерката Бети Грејбл или една од големите познати ѕвезди беше позната и по своите нозе? Во тоа време, реков „Па, можеби треба да ги осигурам моите гради бидејќи сум позната по нив. Но, тоа беше само шега. Јас не го направив тоа.”, сподели таа додека зборуваше со Хода Котб и Џена Буш Хагер на дневното шоу.

доли партон
Фото: EPA/JOE CASTRO AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Пред само една недела Доли раскажа приказна во обид да ги насмее гласините за нејзините гради, раскажувајќи како нивната големина е последица од „отекување кое до денешен ден не спласнало“

Потврдата доаѓа веднаш откако Хајди Клум откри дека двете нозе и се навистина осигурани, Осврнувајќи се на политиката на Хајди, таа додаде: „Патем, можете да добиете нови гради, но не можете да добиете нови нозе!“

доли партон
Фото: EPA PHOTO EPA/HUGO PHILPOT

Ова не е прв пат музичарката  да се обиде да ги расчисти работите, а претходно ги подигна најбизарните гласини што ги слушнала за себе.

„Секогаш им се смеам на чудните наслови. Тоа се појавува на секои три години во таблоидите, каде што сум врзана за кревет затоа што моите гради се толку тешки што сум осакатена доживотно на грб. Само се смеам. Па, тие се тешки, но сè уште не ме осакатиле“, вели Партон.

Видео на денот