„Тие кријат многу гревови“: Зошто Викторија Бекам постојано носи очила за сонце?

Profimedia
Profimedia

Заштитен знак на стилот на славнaта модна дизајнерка се огромните очила за сонце, кои сопругата на Дејвид Бекам ги носи скоро постојано додека е во јавност.

Покрај тоа што дознавме дека Викторија Бекам никогаш не се смее, за што и самата зборуваше, многумина забележаа дека единствено не носи очила за сонце само кога е на црвениот тепих.

Во секоја друга ситуација кога е во јавност, нејзините очи се скриени од темните и големи очила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Причината за тоа е многу едноставна – големи темни подочници.

Носам очила затоа што, како и повеќето мајки, останувам будна цела ноќ поради моите деца – изјавила Викторија пред неколку години.

Сепак, славната „спајсица“ додаде дека тоа не е единствената причина:

„Тие кријат многу гревови“, признала дизајнерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот