Тие имаат најстроги казни на Балканот: За кршење на мерката карантин и до 8 години затвор

Ковид-болница во Тирана / фото: EPA/EFE

Албанија вчера донесе измени на казнените мерки според кои, оној кој ќе го прекрши карантинот или самоизолацијата во која се наоѓа поради коронавирусот, и ќе зарази некој друг, може да добие до 8 години затвор.

Критичарите на вкавите строги мерки велат дека паричните кзни се покажале делотворни, но премиерот Еди Рама смета дека новите казни се нужни со цел успешно да се тргне во ублажување на рестрикциите воведени со цел спречување на ширење на коронавирусот.

Во албанија која има 2,8 милиони жители, починаа 26 лица, а 518 се заразени.

Во споредба со другите земји, бројките с ениски, што ги навело некои да ги прекршат мерките. Полицијата казнила повеќе од 7.000 луѓе и одзела околу 1.800 возачки дозволи.

Според новиот закон, секој заразен со коронавирус кој ќе ја прекрши самоизолацијата или карантинот и зарази други, намерно или не, ќе добие од 2 до 8 години затвор, ако неговиот потег предизвика тешка штета, особено смрт.

Барајќи од парламентот да го изгласа овој закон, Рама, прекршителите на карантинот ги опиша како некој што носи бомба.

„Бомбата не прави ништо друго освен што убива луѓе“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот