Тибодо ќе биде нов тренер на Њујорк никс

EPA/TANNEN MAURY CORBIS

Поранешниот тренер на Чикаго го победи Џејсон Кид во трката за тренерското столче на славниот тим.

Том Тибодо ќе потпише петгодишен договор со Њујорк никс, пренесува влијателниот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски.
Тибодо е еден од најценетите тренери во НБА лигата, а најголемите успеси ги оствари кога седеше на клупата на Чикаго булс од 2010 одо 2015 година.


Тој не беше единствен кандидат за клупата на славниот тим, во медиумите се споменуваа имињата на Џејсон Кид и на Џамал Мозли, но во Њујорк се одлучија екипата да ја предводи искусен тренер.

Њујорк никс ќе биде третиот тим за Тибодо во тренерската кариера во НБА, тој покрач Чикаго ја предводеше и Минесота тимбервулфс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот