Тиафо: Не му се извинив на Федерер и немам намера да го сторам тоа

Федерер последнот меч во кариерата го одигра на Лејвер купот/фото: ЕPA-EFE/ANDY RAIN

Збогувањето на Федерер со тенисот го расипаа Френсис Тиафо и Џек Сок, кои беа подобри од Швајцарецот и Рафаел Надал минатиот петок на Лејвер купот.

Многу навивачи сакаа Федерер да победи бидејќи тоа му беше последен меч во кариерата, но американските тенисери на крајот се радуваа на триумфот.

По завршувањето на Лејвер купот, новинарите го запрашаа Тиафо дали му се извинил на Федерер зошто го победиле во неговиот последен меч.

– Секако дека не се извинив. Сакав да биде среќен, но немам за што да се извинувам. Тој е оној што треба да се извинува бидејќи во изминатите 24 години ги победи буквално сите тенисери. Не, нема да се извинувам, но ќе му се заблагодарам што беше дел од овој голем турнир и за се што направи за тенисот – изјави Тиафо.

Тиафо има одиграно три дуели против Федерер и на сите три загубил, а најблиску до триумф беше во 2017 година на УС опен кога играше пет сета, на крајот Швајцарецот се радуваше.

– Федерер е класа. Мило ми е што го запознав и што можам да го наречам пријател и колега. Му посакувам се најдобро во остатокот од животот. Но, да се извинам – нема да го направам тоа – додаде Тиафо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот