„Ти си животно“: Музичарот Маркус Мамфорд откри дека бил сексуално злоставуван како дете

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Фронтменот на британскиот бенд „Mumford & Sons“, Маркус Мамфорд откри дека бил сексуално злоставуван кога имал шест години.

Мамфорд зборуваше за искуството од злоупотреба во интервју за магазинот „GQ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marcus Mumford (@marcusmumford)


Тој рече дека „го допрел дното“ и дека во 2019 година, откако разговарал со психолог, се чувствувал физички болен додека зборувал за она што го доживеал како дете.

„Како и многу други возрасни, штотуку почнувам да учам како јавно да зборувам дека сум бил сексуално злоставуван. Тоа не го направи моето семејство, ниту црквата“ – изјави Маркус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marcus Mumford (@marcusmumford)

За злоставувањето молчеше 30 години, но реши да си ја разголи душата во синглот „Канибал“.

„Се уште те чувствувам и го мразам тоа. Знаевте дека детето не може да го избере тоа. Ти ми го зеде првиот „залак“ и ме „изедов сиров“. Ти ме искина со заби. Ти си животно“ –  е само еден од стиховите на песната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marcus Mumford (@marcusmumford)

Младиум музичар не го открил името за злоставувачот. Неговата мајка дознала што се случило пред само три недели, односно по објавувањето на споменатата песна.

Видео на денот