„Ти си неверојатен“: Ѓоковиќ лут кон судијата поради спорна одлука! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani/POOL

После уште еден тежок и напорен меч, првиот светски рекет го обезбеди своето 10 финале на Мастерс турнирот во Рим. Противникот на Новак Ѓоковиќ во борбата за трофејот во италијанскиот главен град ќе биде победникот од дуелот Шаповалов-Шварцман.

Водеше Руд со 5:3 во првиот сет, имаше две сет топки, но Ѓоковиќ беше најдобар во тие тешки моменти и успеа да се врати и ја преземе контролата на играта и го освои првиот дел од играта со 7:5.

Во еден момент главниот судија исправи одлука кој погледна погрешна трага на земја, која потоа ја покажа и видео-технологијата.

Камерите сепак се користат само за ТВ пренос и се гледа само трагата на топчето и судијата Нур погреши на штета на Србинот.

И тоа во многу важен момент, но тоа во конечниот резултат не се почувствува, бидејќи Ѓоковиќ славеше со 7:5.

За најдобриот светски тенисер секој поен беше важен, секоја негова реакција за уште поголема мотивација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот