ТИ НЕ СИ МАКРОН, ТИ СИ МИКРОН: Бразилски министер го навредуваше францускиот претседател и се закани дека ќе му го свитка пилешкиот врат

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Само што се смири вербалната војна меѓу бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и претседателот на Франција, Емануел Макрон, новиот бразилски амбасадор за туризам повторно фрли масло на оганот. И тоа дури побрутално и уште понеодмерено од самиот Болсонаро.

Ренцо Гарсија, поранешен ММА борец и нов член на бразилската влада задолжен за туризам, изјави дека Макрон е „кловн“ и му се закани дека ќе го загуши!

„Единствен оган кој се случува е оганот во срцата на Бразилците и срцето на нашиот претседател, кловну еден“, рекол Гарсија во видео снимката упатена до Макрон (или Микрон како што го нарекол).

„Дојди ваму! Ќе те фатам за врат, за тој пилешки врат. Нема да ме измамиш“, беснеел Гарсија.

Откако е објавено видеото, бразилскиот новинар Адријано Вилкинсон го повикал министерот. Ако очекувал поодмерена изјава, сигурно бил разочаран.

„Луѓето ќе мислат дека го нареков пиле затоа што сакав да ја доведам во прашање неговата машкост, но имам видено многу хомосексуалци кои се помажествени од овој имбецил“, изјавил Гарсија пред да „удри“ по сопругата на Макрон, Брижит.

„Ќе ви поставам прашање. Дали е грда или убава? Дали би сте се закачиле за нејзе? Фактот дека Макрон спие со змеј не значи дека е познавач на оганот. Грда е човече“, рекол министерот.

За потсетување бразилскиот претседател Жаир Болсонаро неодамна исто така ја навреди Брижит Макрон, потсетувајќи на нејзините години и фактот дека е 24 години постара од својот сопруг. Тоа следеше откако Макрон испрати критики на сметка на Болсонаро заради пожарот во Амазонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот