Ти Џеј Шортс најефикасен во победата на Бон против Хамбург

фото: kfsm.mk

Во 26 коло од најсилното германско кошаркарско првенство Бон славеше против Хамбург со 76:66.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс придонесе во триумфот со 21 поен, четири скокови и девет асистенции за скоро 29 минути игра како прв стрелец.

На спротивната страна доминираше Тејлор со 17 поени.

На табелата води Бон со 48 бодови, четири повеќе од Алба Берлин на втората позиција.

Во следното коло Бон на 8 април ќе му гостува на четвртопласираниот Олденбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот