24.8 C
Скопје

Т’га за југ

Новинарството е „главната вакцина“ против дезинформациите, соопштија неодамна во извештајот Репортери без граници. Дури откако коронавирусот ги инфицираше одредените политички агенди ширум светот, почнавме да ги разбираме лагите и полувистините што го преплавуваат јавниот простор и ја уништуваат демократијата. Дезинформациите, пропагандата и теориите на заговори можат буквално да убијат – од Њу Делхи, преку Белград, до Њујорк.

Проверените и правовремени информации можат да спасат животи. Пандемијата нè учи дека не е доволно да се бориме против вирусот: тој нема да исчезне волшебно и потребни се соодветни мерки. Правите информации нудат моќен арсенал, кој ќе се спротивстави на хаосот од дезинформации

Западна Европа се обедини на јагленот и челикот, но нејзината интеграција сериозно потфрли во првите денови на налетот на ковид-19. Се покажа дека неспремноста на обединување на здравствените или медиумските системи има своја цена: недостигот на солидарноста, тогаш кога тоа беше најпотребно

Европската комисија подготвува закон за дигитални медиуми, кој треба да го поддржи професионалното новинарство и неговите етички кодекси и во исто време да ја ограничи моќта на националните играчи, во обидот да го корумпираат пазарот на огласување, кој на независното новинарство му го ускратува профитот што го заслужува

Западен Балкан со својата недовршена демократија нуди горко потсетување дека новинарите што се борат под слоганот „фактите се свети, коментарот е слободен“ се загрозен вид, а дека медиумските куќи што не се спремни слепо да ја следат власта, се мета на сериозни економски и финансиски притисоци

Недостигот на транспарентност околу сопственоста на медиумите, директните притисоци на уредувачката политика, високиот степен на автоцензура, работната несигурност, понижувачките плати, константните финансиски контроли, тужби и високи казни за новинарите и редакциите, физичките напади врз новинарите, само се дел од траорната слика во која се наоѓа српското новинарство

На жените во светот им е овозможено на 8 март да се потсетат на својата неповолна положба и загрозените права, а на новинарите од иста причина им е доделен 3 мај. Фактот дека постои само еден ден за жалби во годината, за да се предупреди јавноста на сè тоа што се случува во текот на 12 месеци, не делува охрабрувачки, но што е тука е.

Новинарството е „главната вакцина“ против дезинформациите, соопштија неодамна во извештајот Репортери без граници. Дури откако коронавирусот ги инфицираше одредените политички агенди ширум светот, почнавме да ги разбираме лагите и полувистините кои го преплавуваат јавниот простор и ја уништуваат демократијата. Дезинформациите, пропагандата и теориите на заговори можат буквално да убијат – од Њу Делхи, преку Белград, до Њујорк.

Во исто време, проверените и правовремени информации можат да спасат животи. Пандемијата нè учи дека не е доволно да се бориме против вирусот: тој нема да исчезне волшебно и потребни се соодветни мерки. Правите информации нудат моќен арсенал, кој ќе се спротивстави на хаосот од дезинформации.

Со разни предизвици сме соочени во последните година и половина. Западна Европа се обедини на јагленот и челикот, но нејзината интеграција сериозно потфрли во првите денови на налетот на ковид-19. Се покажа дека неспремноста на обединување на здравствените или медиумските системи има своја цена: недостатокот на солидарноста, тогаш кога тоа беше најпотребно.

Така доаѓаме до заклучокот дека новинарството и слободата на медиумите денес стануваат битен фактор не само во борбата против големите зарази, туку и против климатските промени или миграцијата, односно тоа што не препознава граници. Но, тоа не значи дека притисоците кон медиумите не се засилуваат.

Шанса за автократите

Автократите ја искористија пандемијата за дополнително да го сузбијат информативниот простор по Словенија, Унгарија, Полска или Бугарија. Постојано се обидуваат со закони да одредат што е тоа новинарство, а што не е.

Меѓународните новинарски здруженија возвратија со воспоставување сет од критериуми, правилници и водичи за електронските медиуми. Европската комисија подготвува закон за дигитални медиуми, кој треба да го поддржи професионалното новинарство и неговите етички кодекси и во исто време да ја ограничи моќта на националните играчи, во обидот да го корумпираат пазарот на огласување, кој на независното новинарство му го ускратува профитот што го заслужува. Десетици милијарди долари годишно се загубени од огласувачките измами. Уште пострашно, од тие фондови се финансира ширење омраза, поларизација и поделба. Но, огласувачите нема да го спасат новинарството, а и не треба.

Репортери без граници предупредуваат дека состојбата со медиумите се влошува ширум светот, дека во 73 држави од 180 анализирани информирањето „потполно е блокирано или сериозно отежнато“. Европа има земји што се лидери по слободите, но и некои што се многу проблематични.
Западен Балкан со својата недовршена демократија нуди горко потсетување дека новинарите што се борат под слоганот „фактите се свети, коментарот е слободен“ се загрозен вид, а дека медиумските куќи што не се спремни слепо да ја следат власта, се мета на сериозни економски и финансиски притисоци.

Не е за утеха што Германија падна на листата, кога уште поголем пад бележат членките на ЕУ од нашето опкружување: Словенија, Грција, Унгарија и Бугарија. Тоа што Босна и Херцеговина (рангирана на 58 место), Косово (78), Албанија (83), Северна Македонија (90), Србија (93) и Црна Гора (104) се подобро рангирани од „црната овца“ на ЕУ – Бугарија (111) – исто така не е за утеха.
– Медиумската ситуација во Бугарија е многу загрижувачка, бидејќи никој не е заинтересиран да истражува или да го осудува насилството врз новинарите – стои во извештајот на Репортери без граници.

Стабилен напредок на Македонија

Во Србија малкуте медиуми што не се под цврста контрола на „хибридниот режим“ – по квалификација на „Фридом хаус“ – ја делат судбината на политичката опозиција и на организациите на невладиното општество: притисокот на власта константно се зголемува, медиумските и граѓанските слободи еродираат. Новинарите што критикуваат проаѓаат како и лекарите што побаруваат комплетни информации за пандемијата, вистинската бројка на умрени, за трошоците.
Медиумските професионалци титански се борат да го сочуваат својот статус, но притисоците се сè поотворени и посилеџиски. Вистината ја снемува пред агресивниот настап на лажните вести, фабрикувани напади и измислени подметнувања. Власта тоа го брани со „слобода на медиумите“ и многу не се грижи што Србија втора година по ред се лизга надолу на сите скалила што ја рангираат демократијата или медиумските слободи.

Недостатокот од транспарентност околу сопственоста на медиумите, директните притисоци на уредувачката политика, високиот степен на автоцензура, работната несигурност, понижувачките плати, константните финансиски контроли, тужби и високи казни за новинарите и редакциите, физичките напади врз новинарите, само се дел од траорната слика во која се наоѓа српското новинарство.

Пораснав во време кога се читаше „меѓу редови“, каде што често беше сместена вистината. Денес стигнавме до тоа проверените вести да ја немаат истата шанса, бидејќи таблоидните лажни вести агресивно ги загрозуваат. Повторно сите електронски медиуми во Србија не ја исклучија програмата во понеделникот во 11.55 часот, за со „пет минути громогласна тишина“ да ја предупредат најшироката јавност за катастрофалната положба на новинарската професија, која се повеќе губи на доверба.

Кој ќе ја носи слободата на говорот, кој ќе овозможува нефалсификувани факти и дијалог во општеството? Колумнисти има премалку, а и сè помалку се слушаат од таблоидните викотници.
Но, не би сакал да се повторувам дека слободата на медиумите е темел на демократијата и дека слобода нема да има без поддршка од граѓаните. Тоа сите го знаеме. Северна Македонија, како и Србија, е квалификувана како „делумно слободна“, каде медиумите се поларизирани по должината на политичките линии, новинарите и натаму се соочуваат со притисоци и вознемирувања на „патронажните служби“, пристапот на информациите од јавно значење не е каков што би требало да биде, има напади врз новинарите, но од критиката испратена од Европската комисија од 2019 година, општата ситуација стабилно се поправа.

Претседателот Александар Вучиќ ги предупредуваше граѓаните на Србија во времето кога се рушеше власта на ВМРО-ДПМНЕ на „македонско сценарио“, а лично би бил многу среќен кога и Србија денес би се развивала по „македонско сценарио“ и би работела на градење на институции и јакнеење на невладиниот сектор.

Можеби граѓаните на Северна Македонија на некои работи им завидуваат на соседите од север, но 3 мај, светскиот дена на слободата на медиумите е прилика јас да им позавидам на колегите од југ.

(Јазикот на кој се напишани како и ставовите изнесени во рубриката „Колумни“ не се ставови и одраз на уредувачката политика на „Слободен печат“)

Поврзани вести

Инфлацијата го јаде растот на платите

Ќе се градат нови и ќе се реконструираат старите патеки на Водно и на Матка

Елена Вељановска

ВИДЕО: Групата „Ван Гог“ прослави 35 години со нов спот за песната „Какво дивно вече“

Слободен печат

Дали вакцинираните со „Спутник“ ќе добијат трета доза?

Уценувани спортисти и полицајци чии интимни средби во мотел биле тајно снимани

Слободен печат

Заев: Ќе одам во Софија повторно и повторно и повторно…

Андреја Ристески

Остави Коментар