фото: kfsm.mk

ТФТ во неизвесна завршница оствари триумф над Работнички

Во 17 коло од Првата македонска кошаркарска лига екипата на ТФТ со 81:79 дојде до триумф над Работнички

Во текот на првата четвртина доминираше составот на ТФТ кој создаде висока предност од 16:4. Работнички во следните 10 минути успеа да ја анулира големата негатива и дури дојде до минимална позитива од 47:46 непосредно пред паузата.

Во третата четвртина повторно доминираше тимот на ТФТ повторно се одвои на двоцифрено водство овојпат од „плус 14“ (64:50).

Пред стартот на последниот квартал, Работнички намали од пола од негативата. Во последните 10 минути ТФТ водеше со 80:72, па Работнички се враќаше постепено резултатски и се доближи до 80:79, но домаќинот успеа да се одбрани и на крајот дојде до победата.

За ТФТ блескаше Говенс со 29 поени, три скокови и пет асистенции, додека Капетановиќ со 18 поени беше најефикасен кај Работнички.

На табелата ТФТ е на второто место со 29 бодови, два повеќе од третопласираниот Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот