ТФТ не се откажува од третото место во Суперлигата

фото: КФСМ

По киксот во минатото коло против Еуро Никел 2005, ТФТ го поправи впечатокот на гостински терен против Феникс 2010 (76:58) во рамките од деветтото коло во Суперлигата.

Освојувачот на Купот на Македонија сака да биде дел од четирите екипи кои ќе одлучуваат која од нив ќе го освои и шампионскиот трофеј.

Во победничките редови доминираше Николов со 17 поени и пет скокови, следен од Хортон кој запиша 14 поени.

А на спротивната страна прв стрелец беше Петков со 15 поени, еден кош помалку имаше Митревски (четири асистенции).

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ. 9.КОЛО

Феникс 2010 – ТФТ 58:76

18 мај (среда):

19.00 часот Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

19 мај (четврток):

18.00 Еуро Никел 2005 – Пелистер

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26-4, Пелистер 25-5, ТФТ 17-14, Гостивар 17-13, Еуро Никел 2005 17-13, Феникс 2010 14-17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот