ТФТ му се реваншираше на Академик Пловдив за поразот во Скопје

Втора победа за ТФТ во БИБЛ лигата/ фото: balkanleague.net

Кошаркарите на ТФТ Скопје го совладаа Академик Пловдив со 81:86 како гости во рамки на четвртото коло во БИБЛ-лигата и му се реваншираа на бугарскиот тим.

Во првата пресметка меѓу македонскиот и бугарскиот тим во Скопје, славеше Академик со 75:83.
Овој пат, кошаркарите на ТФТ беа подобар тим, нехативата од два поени на крајот од првата четвртина (24:22), ја претворија во плус пет на втората четвртина (39:44).

Со одлична игра во третиот дел кошаркарите на тренерот Боро Смилковски направија и плус 11 (44:55), но домашпниот тим во последната четвртина со серија од 10:0 поведе со 63.60.
Одговорот на македонскиот тим беше серија од 0:7 со која ја врати предноста која не ја испушти до крајот и сосема заслужено дојде до втората победа сезонава.

Александар Маслинко со 18 поени беше најдобар во македонскиот тим, Страхил Николов имаше 15 поени, а Александар Костоски натпреварот го заврши со 12 поени и 9 асистенции.

Следниот предизвик за ТФТ во БИБЛ лигата е утрешниот наптревар против Берое.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот