Тежок удар за Металург пред борбата за влез во групите на ЕХФ купот

rkmetalurg.mk

Покрај тоа што Металург навистина се намачи за да ги освои бодовите против аутсајдерот Струга, на тимот од Автокоманда му се случи и тежок пех – се повреди првиот голман на Металург Даниел Дупјачанец, еден од неговите најдобри и најстандардни ракометари.

– За жал, ова ни се случи непосредно пред решавачките натпревари за влез во групната фаза во ЕХФ Купот – информираат од ракометниот клуб Металург. Натпреварот од шестото коло на машката Суперлига заврши со триумф на Металург против Струга (32:25).

Даниел, во обид да одбрани еден удар во 41 минута од средбата ја истегна задната ложа и во болки го напушти теренот.

Клубот нема сеуште информација за тежината на повредата, бидејќи голманот е однесен на преглед, каде допрва го очекуваат подетални испитувања и снимки и колку ќе паузира.

Викендов треба да се дознаат и официјално сите учесници во последното трето квалификациско коло за влез во групите од ЕХФ Купот, а таму диреткно пласиран е токму РК Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот