Тежок удар за Франција: Без Карабатиќ на Светското ракометно првенство!

фото: men2020.ehf-euro.com/Stanko Gruden

Францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено и ќе отсуствува од терените, потврди денеска неговиот клуб ПСЖ.

Париската екипа додаде дека еден од најдобрите светски играчи наскоро ќе биде опериран.

Просечното време на опоравување од оваа повреда е шест месеци, што значи дека Карабатиќ ќе го пропушти Светското првенство кое ќе се одржи во јануари 2021 година во Египет.

Освојувачот на две олимписки титули, четирипати светски и трипати европски шампиони се повреди во текот на победата на својот тим против Иври.

Воедно нема да може да му помогне на ПСЖ во наредните дуели од Лигата на шампионите, а потсетување се наоѓа во групата со Вардар 1961.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот