Тежок удар за Барса, четири месеци без Луис Суарез!

фото: fcbarcelona.com

Уругваецот се повреди на натпреварот од шпанскиот Суперкуп против Атлетико, болките на коленото беа преголеми, па операција беше неопходна.

Барселона денеска ја информираше светската фудбалска јавност дека еден врз еден од нејзините најдобри играчи успешно е извршена операција.

Луис Суарез имаше успешна операција на менискусото на десното колено и тој според првите најави ќе паузира вкупно четири месеци.

Уругвајскиот интернационалец се повреди на натпреварот од шпанскиот Суперкуп против екипата на Атлетико Мадрид, болките на коленото беа преголеми, па операција беше неопходна.

Тоа ќе значи најверојатно дека 32-годишниот уругвајски напаѓач ќе го пропушти вториот дел од натпреварувачката сезона.

Еден дол период играчот се мачеше со болка во коленото, во досегашниот дел од сезоната одигра 23 натпревари, постигна 14 голови и реализираше девет асистенции.

Светските медиуми најавуваат дека Барса ќе реагира и ќе ангажира централен напаѓач во текот на зимскиот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот