Тежок пораз за ЦДУ на Меркел на изборите во две покраини

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела меркел претрпе пораз на важни избори во две германски покраини, што ги  ги намалија шансите на лидерот на ЦДУ, Армин Лашет, да стане следен канцелар на Германија на изборите во септември.

Зелената партија го зголеми водството во Баден-Виртемберг пред ЦДУ во споредба со пред пет години. Зелените освоија 31,5 проценти од гласовите во Баден-Виртемберг, додека ЦДУ освои 23 проценти, според излезната анкета на државната телевизија ЗДФ.

Во провинцијата Рајнска област-Пфалц, Социјалдемократската партија (СПД) освои 33,5 проценти од гласовите и со тоа победи на изборите во трката со ЦДУ, која освои само 25,5 проценти од гласовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот