Тежок пораз на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите

фото/твитер

Македонскиот ракометен клуб денеска во Португалија е убедливо совладан од екипата на Спортинг со конечен резултат 36:26. Еурофарм Работник беше рамноправен во првите 10 минути од натпреварот кога беше израмнето (6:6, 7:7).

Но, потоа Португалците со серија голови се одвоија на дури осум голови разлика (17:9), а на паузата заминаа со водство од 17:11.

Во второто полувреме домаќините рутински само ја одработуваа задачата и триумфираа во рамките од групата „Ц” во ракометната Лига на шампионите со 36:26.

Најефикасни на средбата за Еурофарм Работник беа бековите Остроушко и Јотиќ со по осум голови. На спротивната страна за тимот од Лисабон Роча седумпати се запиша во листата на стрелците.

Во наредното осмо коло на ЛШ ракометарите на тренерот Стевче Алушовски во спортската сала „Боро Чурлевски” ќе го пречекаат тимот на Савехоф од Шведска на 17 ноември со почеток од 17.00 часот.

Лига на шампиони, 7. коло

Резултати –

Савехоф-Кокс 28:22
Бидасоа Ирун-Татран Прешов 27:27
Спортинг-Еурофарм Работник 36:26

Табела:

1.Бидасоа Ирун 12 бодови
2.Савехоф 10
3.Спортинг 9
4.Татран Прешов 5
5.Кокс 4
6.Еурофарм Работник

Наредно, 8. коло (двојки) –

13. ноември Татран Прешов-Спортинг
17. ноември Еурофарм Работник-Савехоф
17. ноември Кокс-Бидасоа Ирун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот