Тежок период за вдовицата на Шон Конери: Го изгуби сопругот и сега сакаат да ја судат за даночна измама

Profimedia
Profimedia

Мишелин Рокебрун Конери минува низ најтешките моменти во нејзиниот живот, бидејќи само десет дена откако го загуби сопругот, славниот актер Шон Конери, против неа беше покренато обвинение во Шпанија, пишува The Sun.

Имено, против неа повторно беше отворена постапка за затајување данок при продажба на имот во популарното шпанско летно одморалиште Марбела.

Целиот случај е „тежок“ над 20 милиони фунти, а шпанските власти предупредија дека имаат намера да го известат Мишелин за обвинението и повторно да го отворат случајот на суд.

Таа сите овие обвинувања ги нарече „целосна глупост“ и не сакаше да коментира ништо повеќе од тоа.

На Шон Конери, во 2014 година му било кажано дека нема да мора да се соочи со судски процес поради продажбата на нивниот дом во 1999 година. Тогаш нивната куќа била срушена и со измама биле изградени дури 70 станови, и покрај урбанистичките правила според кои можеле да се изградат само пет.

Адвокатите на актерот, градоначалникот на Марбела и шест советници завршија во притвор поради измамата. Судијата заклучил дека треба да ѝ се суди и на Мишелин, која е родена во Франција, и дека ѝ се заканува затворска казна, како и голема парична казна доколку биде прогласена за виновна за даночна измама.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот