Тежок инцидент на легендарната патека во Италија (ВИДЕО)

фото: твитер

Возачот на Ферари, Шарл Леклер при брзина од 200 километри на час ја загуби контролата и удри во заштитната ограда.

Воедно нов лош викенд за Ферари, бидејќи на трката за Големата награда на Италија на патеката во Монца во осмиот круг откажаа кочниците на болидот на Себастијан Фетел.

Благодарение на популарниот „ореол“, Леклер помина без посериозни повреди, но ваквиот тежок инцидент доведе до „црвени знамиња“ и прекин на трката.

Натпреварувачот од Монако до почетокот на оваа трка имаше 45 бодови, со само еден подиум на стартот од сезоната во Австрија.

Фетел има уште послаба сезона, со само 16 бодови и најдобар пласман на трката во Унгарија освојувајќи го шестото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот