Тежок инцидент на Косово: Тројца убиени од огнено оружје, стрелано кон автобус

Фото : Архива - косовски безбедносни сили

Вечерва, во близина на селото Глоѓан во општина Дечани на Косово, на околу 100 километри од Приштина, загинаа три лица во вооружен инцидент.

Тие се убиени со огнено оружје кога непознати напаѓачи отвориле огaн кон автобус со соученици.

Веста за Радио Слободна Европа ја потврди Шкодран Никчи од Основното обвинителство во Пеќ.

Според него, како резултат на престрелките, три лица загинале, а има и неколку повредени.

Една од жртвите починала на местото на настанот, додека други две починале подоцна.

Во моментот на пукањето автобусот сообраќал од Ѓаковица кон Дечани. Инцидентот се случил околу 19 часот.

„Обвинителството во Пеќ и соодветните полициски единици веќе се на местото на настанот и го истражуваат случајот“, рече Никчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот