„Тежок е лебот заработен во униформа со пушка“: Стојанче Ангелов го честита денот на Армијата

Стојанче Ангелов /Фото: Screenshot/МИА

Со зборовите „Тежок е лебот заработен во униформа со пушка“, во својот фејсбук статус директорот на ЦУК Стојанче Ангелов го честита денот на сите припадници на Армијата.

-Тежок е лебот заработен во униформа со пушка.

Да биде уште потешко и покомплицирано понекогаш пушката се заменува со противпожарна лопата и наместо во воен се влегува во, не помалку опасен, вистински оган кој беснее низ некоја стара, преубава македонска шума.
А богами не е лесна ниту битката со невидливиот непријател, битка која нашата армија ја води давајќи подршка на нашето здравство во справувањето со Ковид 19.
НЕКА Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА, пишува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот