Тезгаџиите ги честат муштериите со бесплатни кеси: Цената од 15 денари сè уште не „стасала“ до пазарите

пазар
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Цената од 15 денари за една пластична кеса сè уште не „стасала“ до пазарите, а тезгаџиите воопшто не прават проблем при пакувањето на зеленчукот и овошјето. Велат ќе работиме вака сè додека имаме залихи или додека не почнат да казнуваат. До тезгите висат снопови во сите бои и големини, исто како и порано, а продавачите не им се лутат на муштериите ако побараат и понекоја ќеса фазла.

– Не е во ред да наплатуваме по 15 денари, па дури и за една салата. Имаме залихи и ќе тераме вака сè додека не нè казнат – велат тезгаџиите.

Се забележува дека граѓаните доаѓаат подготвени со колички или со поголеми платнени торби, а има и такви што раздиплуваат веќе користени кеси од дома.

– Пријатно сум изненадена што овие кеси не се наплатуваат. Понесов од дома резерва, но никој не ми побара. Не е добро ако и тука почне да се наплатува по 15 денари – вели една скопјанка.

Во меѓувреме, на одделите за овошје и зеленчук во големите маркети има книжни кеси, кои не се наплатуваат, но некаде има и известувања со кои граѓаните „се молат да ги користат разумно“.

– Првиот ден се грабаа по десетина книжни ќеси, моравме да ги ловиме муштериите и да ги опоменуваме. И ние сме задолжени со овие кеси – ни се пожали продавачка во маркет, покажувајќи ни колку „вишок хартиени кеси запленила од муштериите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот