Тевез ги нападна фудбалерите: Лицемери, излезете на улица

твитер

Фудбалерот на Бока Јуниорс, Карлос Тевез, остро ги нападна своите колеги фудбалеи за кои вели дека се лицемери.

Ова е навистина бедно, сите фудбалери, тие добри, а не врвните можат да живеат половина или цела година без никакви пари. Имаат домови, убави соби, знаат што ќе им јадат децата, а даваат поддршка од својот дом… Престанете – вели Тевез.


Поранешниот фубалер на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус смета дека фудбалерите мора да излезат од домовите и да видат како живеат и обичните луѓе.

Владата се обидува да помогне, но и ние фудбалерите имаме одговорност. Клубовите мора да ги натераат играчите да бидат активни во заедницата, да организираат оброци за гладните и сиромашните. Сега не е време за фудбал, ниту за правење видеа од своите домови. Излезете надвор, бидете меѓу сиромашните луѓе, помагајте во народните кујни, како што тоа го прави Бока. Не треба да се грижиме за нашите деца, нив веќе ги обезбедивме туку за слабите. Морама да им помогнеме на таквите луѓе, не само фудбалерите да учествуваат во тоа, туку у актерите и останатите јавни личности. Ова е едно големо с**ње со вирусот, сега сме најпотребни на заедницата – додава Тевез кој секојдневно е активен во помагањето на немоќните луѓе во Буенос Аирес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот