Тевдовски за МИА: Макроекономските индикатори и меѓународните институции потврдуваат – економијата оди напред

Макроекономските показатели укажуваат на тоа дека економијата оди напред. Во услови кога на глобално ниво се води битка со царински тарифи, нашата економија забележува раст на индустријата и извозот, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА.

„Индустриското производство порасна за околу 10 отсто во првите два месеца од годината, односно според последните податоци на Државниот завод за статистика. Исто така, извозот има стапка на раст од 6,8 отсто во првите два месеца. Просечната плата забележа раст од 4,5 отсто во февруари. Кредитирањето на претпријатијата и воедно движењата во бизнис-секторот се подобри од кога било во последните пет години. Странските инвестиции изминатата година беа највисоки од независноста досега. Сето ова укажува дека македонската економија е закрепната и дека може да остварува добри стапки на раст“, вели Тевдовски.

Прочитајте и...  Продолжува златната треска: Цената на златото вртоглаво расте

Тој посочува дека потврда за тоа дека македонската економија е во добра кондиција е добиена и од меѓународните финансиски институции. На пример, ММФ ја зголеми проекцијата за раст на македонската економија од 2,8 отсто  на три отсто за годинава. Ова се случува во исто време кога ММФ ја намали проекцијата за глобален раст, вели Тевдовски. Министерот за финансии посочува дека економијата закрепна по стагнацијата од 2017 година и дека овој раст е предводен од приватниот сектор.

„Секако дека Владата го користи овој позитивен момент за реформи и политики што ќе го поттикнат економскиот раст. Минатата година беше година на крупни реформи во јавните финансии. Имавме амбициозна агенда, спроведовме 10 крупни реформи меѓу кои и даночна, пензиска и социјална реформа. Дел од резултатите веќе се видливи во поглед на реализацијата на буџетските приходи. Годинава ќе продолжиме со реформите предвидени со Програмата за управување со реформи во јавните финансии“, вели Тевдовски.

Прочитајте и...  Се бара исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Министерот истакнува дека преку Рамката за партнерство со Светска банка ќе се поддржи стопанството, односно ќе се спроведат проекти за подобрување на климата за конкурентно и извозно ориентирано стопанство.

„Има повеќе проекти што се однесуваат на подобрување на инфраструктурата што значи подобро поврзување и помали трошоци за компаниите. Таков е Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Светска банка веќе пресмета дека трошоците за увозниците и извозниците во земјава  би се намалиле за околу 10 отсто“, вели Тевдовски.

Тој додава дека во Рамката се наоѓа и проект за поврзување на домашните добавувачи со странските инвеститори во земјава, кој бил договорен со Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за време на Пролетните средби ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Прочитајте и...  Во складиштето во Бејрут имало и огномет: Се смета дека тоа било клучен фактор за експлозијата

Целта на проектот е преку вмрежување на домашните и странски компании да се обезбеди работа за домашните претпријатија, да се обезбеди пристап до пазари до кои претходно немале пристап и да се пренесе know-how.

Прочитај повеќе

Израел осуети кибер напад врз одбранбената индустрија

Слободен печат

Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)

Слободен печат

Вака белоруската полиција ги понижува уапсените: Крвави и помодрени, принудени да се одречат од кревање револуција (ВИДЕО)

Слободен печат

Русија планира месечно да произведе по 5 милиони вакцини против ковид-19, по цена од 10 долари за 2 дози

Слободен печат

Ангеловска демантира дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка по информацијата дека ќе ја изгуби лиценцата за работа

Слободен печат

Кина реагира за врските на САД со Тајван: Тие што си играат со оган, ќе се изгорат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најмалку 800 луѓе во светот починаа поради дезинформации за Ковид-19

Слободен печат

Од девојче кое поради црната боја на кожата никој не го дружел, до историска кандидатура за потпретседател на САД

Слободен печат

Костовски: Двојна игра на НБ, ако беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година

Слободен печат

Екстремистите го зазедоа клучното пристаниште во Мозамбик

Слободен печат

Се бара исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Нина Ангеловска ги извадила парите од Еуростандард банка пред затворање?

Слободен печат