Тевдовски: Првата транша евтини кредити ќе им биде префрлена на фирмите следната недела

cof

Првата транша во износ од 15 милиони евра евтини кредитит за малите и средни претпријатија преку ЕИБ, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и потпретседателот на Европската инвестициска банка Ендру Мекдовел.

– Ова се првите средства од целосната кредитна линија за мали и средни претпријатија во износ од 100 милиони евра. Бордот ја има одобрено траншата од 15 милиони евра и истата треба да се повлече на 17-ти месецов, односно следната недела. Со ова ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми – рече Тевдовски.

Речиси 90% од проектите во првата транша се долгорочни инвестиции. Најмногу се инвестира во деловни објекти, опрема и транспортни средства, а помалку во обртни средства. Ова значи и отворање на повеќе нови работни места.

Тевдовски посочи дека покрај евтината кредитна линија за мали и средни претпријатија со ЕИБ се зборувало и за финансирање на третатата делница на пругата на Коридор VIII, односно до границата со Бугарија. Исто така се зборувало и за нови 50 милиони евра за проектот за изградба на водоводи и канализација.

– Особено е значајна поддршката која ЕИБ ќе ја даде во енергетскиот сектор во земјава, односно гасно поврзување со Грција – рече Тевдовски.

Исто така, се очекува ЕИБ, заедно со ЕБОР да учествуваат во финансирање на Пречистителна Скопје. Делегацијата предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска покрај ЕИБ, оствари средба и со Пол Томпсен, директор на ММФ за Европа и Јасмин Рахман, шефот на мисијата на ММФ за земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот