Теута Арифи: Водоводот има проблем од помали размери

фото Архива

Повторното оштетување на цевковод на водоводната мрежа поради лизгање на земјиште на Шар Планина е со помали размери од февруари, истакна денес градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на средба со новинарите откако вчера се оштети водовоснабдителниот систем и се воведоа рестрикции во водоснабдувањето. Таа очекува поскоро надминување на проблемот.

-Информирани сме од страна на ЈКП дека откако имаме повеќе земјотреси недалеку од целиот наш регион, еден дел или предел на Шар Планина каде има повеќе свлечишта, еден таков продрел и до место каде што е цевководот. Овој пат проблемите, кои се направени се од помали размери. Очекуваме дека доколку има климатски услови бидејќи се работи за тежок терен да се завршат работите, рече Арифи.

На новинарско прашање дали поради зачестените проблеми на новиот водоснабдителен систем ќе се испита неговата градба, Арифи рече дека надзорниот борд ги има сите одговори.

-Кога било работено имало надзорен борд кој првел надзор и кој е одговорен. Ние имаме побарано од нив да дадат одговори на повеќе прашања кои ги очекуваме. Исто така се до пред еден месец ние не сме имале некои сличен проблем и одговорите кои ги добиваме од страна на тие кои работат на теренот е дека се работи фактички поради нестабилност на земјата месец и половина наназад, истакна Арифи.

Од вчера поради оштетување на водоводна цевка во месноста Лешница со големина фи-500 Тетово изгуби доток од 150 литри вода во секунда. За ублажување на оваа ситуација, јавното комунално претријатие Тетово ги пушти и активира и четирите бунари во градот, но воведе рестрикции во три периоди во текот на 24 часа со вкупно траење од 11 часа и 30 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот