Теута Арифи: Нема никаква потреба повторно да се враќаме на полициски час

фото Архива

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и покрај зголемените бројки на заразени и починати од Ковид 19 истакна дека е за олабавување на мерките и дека не е за повторно воведување на полициски час во Тетово.

-После два и пол месеци нема никаква потреба повторно да се враќаме на полициски час. Оваа мерка нема да даде никакви резултати. Минатава недела на телевизиите имаше неколку прилози од Инфективна клиника и со тоа многу поверодостојно ќе може да се убедат овние граѓани кои се скептици за постоењето на вирусот. На овој начин, со вакви ТВ емисии, може поефикасно да се подигне нивната свест кај населението тоа да се придржува до препорачаните мерки, отколку што тоа ќе го направи полицискиот час. Како полициски час сметам дека нема да даде никави резултати- изјави градоначалничјката Арифи.

Според општините, вкупниот број на случаи изгледа вака:
-Општина Тетово 159 (починати 9 лица)
-Општина Боговиње 58 (починати 6 лица)
-Општина Тераце 36 (починати 2 лица)
-Општина Брвеница 19 (починато 1 лице)
-Општина Јегуновце 13 (починати 2 лица)
-и Општина Желино 7 заразени (починати 4 лица)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот