Тетовското обвинителство поведе постапка против дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 34-годишно лице поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Наркотичната дрога марихуана, со количина од 45 грама, кај осомничениот била пронајдена на 15.9.2020 година, при вршење рутинска контрола од полициски службеници кај наплатната рамка во близина на с. Желино.

Јавен обвинител кој постапува во предметот, со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, до надлежен суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Прочитајте и...  Скопјанец фатен со 10 зипер кесички марихуана

Поврзани вести

Приведено лице барано со потерница

Слободен печат

Скопјанец фатен со 10 зипер кесички марихуана

Слободен печат

Во Гази Баба казнети 192 несовесни возачи

Слободен печат

Кавадарчанец почина откако му се превртел тракторот

Слободен печат

Скопјанец пронајден мртов во неговиот дом во Гази Баба

Слободен печат

Тетовец ја нападнал сопругата

Слободен печат

Остави Коментар