Тетовските училишта стануваат паркиралишта

Фото: Алсат

Малиот број на местата за паркирање, во споредба со големиот број на возила, особено во летната сезона кога се ближи и доаѓањето на мигрантите, предизвикуваат реален хаос во сообраќајот во Тетово.

Изградбата на повеќекатните гаражи, според Секторот за општински дејности, е невозможно, поради високата цена. Во меѓувреме, општината најавува привремено решение. Алсат М јавува дека училишните дворови во текот на летото ќе се користат како паркинзи.

– Општина Тетово во летната сезона, односно во јуни, јули, август, за потребите на граѓаните, ги отвора и училишните дворови за да се намали малку недостатокот на паркинзи. Добро би било граѓаните да ги користат тие места за паркирање кои се слободни, не значи дека нема место и треба да се паркираат на двојно паркирање. Проблем останува финансирањето на гаражите, дали треба да ги изгради општината или со приватно-јавно партнерство. Во летната сезона, добро би било граѓаните да не ги користат приватните автомобили туку да ги користат јавните возила, бидејќи тие заштедуваат време при патување и наоѓаат паркинг – рече Елмир Мустафаи од Секторот за општински дејности.

Додека Општина Тетово тврди дека со отворањето на училишните дворови се намалува проблемот со недостатокот на места за паркирање, граѓаните бараат долгорочни решенија.

Во градот Тетово има околу 40.000 регистрирани автомобили, додека паркинзите заедно со зонските и приватните паркиралишта се околу 1000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот