Тетовските општинари тргнаа по идејата на Данела – предизборно ќе го бетонираат единствениот парк во градот

Фото: Тетово сака парк / Фејсбук

Иницијативата „Тетово сака парк“ преку социјалните мрежи реагира на намерите на градските власти со бетонски патеки да го поплочат паркот Жена-борец, единствената зелена јавна површина во градот.

„Имаме сознанија дека утрово започнато е со бетонирање на дел од тревникот во Жена парк. Дел од информациите говорат дека општината има во план да постави детски реквизити на тоа место. Но, на само 50 метри се наоѓа Спортскиот центар полн со детски реквизити даден под концесија од која заработува само концесионерот, узурпирајќи го тој прекрасен простор кој мора да биде во општа употреба како јавно добро“, велат од граѓанската иницијатива.

Паркот „Жена-борец“, согласно законската регулатива и неговиот недоволен вкупен зелен опфат, не претставува парк, велат од иницијативата.

„Доколку се намали неговата постоечка зелена површина, ќе го изгубиме и ова последно зелено катче во градот на бетон и висококатници, нашиот град Тетово. Бараме да се укине концесијата, и да им се даде на младите простор со спортски терени и реквизити како што доликува, оставете го Жена парк неуништен“, додаваат од иницијативата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот