Тетовскиот со 578 заболени од ковид-19 веднаш зад скопскиот

Фото: Архива

Центарот за јавно здравје во Тетово денеска објави колку е процентот на заболени според општини базирајќи се на бројките на болни од сабота кога според нивните статистика во регионот има вкупно 578 болни.

– По општини  бројките се следни: Боговињe- 43; Брвеница -52; Желино-12; Јегуновце-34; Теарце-43; Тетово-394. Во рамки на општина Тетово се 68 отсто од заболените, додека најмалку 2 проценти има во Општина Желино. Во Брвеница има 9 отсто, Боговиње 8,  Теарце 7 проценти од вкупно заболените и Јегуновце со 6 отсто, објавија од ЦЈЗ – Тетово.

Од таму потенцираат дека од почетокот на пандемијата во 13-та недела од 2020 во Тетово и тетовскиот регион се до 30 октомври 2020 година или 45-та недела се забележува најголем пик на заболени од Ковид -19 во последниве три недели од месец октомври.

Тетовскиот регион во последните 24 часа бележи нови 95 заболени од Ковид-19, со што го зазема второто место во нашата земја со активно болни веднаш по скопскиот регион. Тетовско сега има 609 активни случаи со коронавирус, по Скопје 4862, а пред Струмица со 560. Тетово и регионот досега бележат 2294 дијагностицирани со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот