Тетовската полиција тврди дека пресечените цевки во болницата биле за објект кој не работел

СВР Тетово/Фото: mia.mk

Од СВР Тетово за Слободен печат велат дека двете цевки за довод на кислород кои биле оштетени ноќеска не биле приклучени на централниот довод на кислород туку на објект што не бил во функција. Утринава во 7 часот и 30 минути пријавено е дека непознати сторители во кругот на болницата со физичка сила оштетиле 2 бакарни цевки.

Тие биле со различен профил и капацитет, едната за компримиран воздуx била пресечена а втората за азотен оксид била свиткана.

Двете цевки биле приклучени на објект кој не бил во функција. Свр Тетово извршил увид и цевките се кримтеxнички обработени и се работи на откривање на мотивите околностите и сторителите.

Претходно, Слободен печат ги соопшти деталите за синоќешниот инцидент во тетовската болница, каде беше оштетена цевката за довод на кислород, загрозувајќи им го животот на околу 120 пациенти.

Избегната катастрофа во тетовската болница: Во 3 часот изутринава некој ја оштетил цевката за довод на кислород

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот