Тетово од денеска има функционална канцеларија, без шалтери и долги редови за чекање

Тетово од денеска има функционална канцеларија „Една точка за услуги“, без шалтери и долги редови за чекање. Станува збор за трансформација на поранешниот Интернет клуб во целосно нов и функционален простор за сите граѓани, напиша на Фејсбук

-Овој простор е место каде граѓаните ќе можат да добијат информации за сите 136 електронски услуги, достапни на порталот uslugi.gov.mk. Граѓаните кои ќе имаат проблем сами од својот дом да се регистрираат на порталот тука ќе можат да го направат тоа. Дополнително, со помош на Каталогот на услуги, вработените тука ќе можат да ги дадат информациите потребни за добивање на секоја од 761 услуга објавена на порталот- напиша Манчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот