Тетово нема доволно пешачки премини ниту сообраќајни знаци – пешаците најчеста жртва во хаосот на улиците

Фото: Слободен печат

Само лани на тетовските патишта загинале 4 пешаци, а над 100 биле повредени, голем број од нив завршиле со тешки телесни повреди.

Црната статистика со загинати и повредени пешаци во тетовско од година вгодина расте. Сообраќајната сигнализација која или ја нема или е несоодветно поставена е една од главните прични поради која страдаат пешаците.

Според фотографиите кои ги направи Слободен печат се гледа дека и на најфрекфрентните места нема сигнализација, односно нема знаци и само остатоци од обележани пешачки премини.

Фото: Слободен печат

Од Сообраќајната полиција, велат дека нивни екипи се постојано на терен, но без соодветна сигнализација не може да се воспостави ред во сообраќајот. Општината глува на нивните барања за надминувања на пропустите. За да не се оштетуваат и крадат, дел од сообраќајните знаци општината ги поставила на повисока точка од земјата спротивно на сообраќајните нормативи и правила.

„Нашите мерки се континуирани, ние превземаме мерки на дневна основа, континуирано спроведуваме акциски контроли насочени кон овој прекршок, одржуваме поуки изготвуваме налози и така натака. Општа е констатацијата дека за овие прекршоци ќе ни треба една сеопшта заложба на сите општествени фактори за намалување на ваквите појави. Се разбира дека и институциите имаат одговорност, покрај полицијата која има задача да спроведува вакви мерки тука се и другите фактори, правните лица задолжени за одржување на патиштата имаме доста необележани раскрсници, доста необележани пешачки премини. Нашата работа покрај ова е да алармираме и да им укажуваме на општините и на крајот на краиштата и да поднесуваме и пријави ако не постапуваат по тоа што се задолжени, се чини дека немаат континуиран пристап кон обновување на таа сигнализација, како да чекаат ние да ги потсетиме за нивните обврски, изјави Зоранчо Талев Командир на ПС за БПС Тетово.

Но, и сообраќајната култура не е на завидно ниво, пешаци поминуваат и на необележани пешачки премини, за некои коловозот и тротоарот како да е иста сообраќајна инфраструктура.

„Во сообраќајот имаат обврска сите учесници и возачите кон пешаците, но и самите пешаци. Возачите да внимаваат на пешаците и да ја намалат брзината пред пешачки премин и раскрсница, а и пешаците да ги користат тие премини и да внимаваат дали возилото ќе застане или нема да застане и така натака, се со цел да се избегне последици“, изјави Зоранчо Талев – Командир на ПС за БПС Тетово.

Од Сообраќаната полиција велат дека ќе продолжат со засилени контролни активности, со цел да се воспостави поголема сообраќајна култура кај пешаците со опомени, сообраќајни поуки, но и санцкии. Од Општина Тетово, засега без одговор дали планираат да ги обележат пешачките премини и да постават сигнализација таму каде што ја нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот