Тетово има клуб со нуркачи, ќе истражуваат колку се загадени шарпланинските езера

Нуркачи од новооснованиот клуб во Македонско-хрватското друштво во Тетово / фото: Полошки глас

Новооснован нуркачки клуб во рамките на Македонско-хрватското друштво од Тетово ќе истражува колку има отпад и каква флора и фауна има во шарпланинските езера, ќе увиди, пишува Полошки глас.

Од нуркачкиот клуб велат дека досега не биле испитани и разгледани длабочините на езерата, како и дното на овие македонски бисери.

Досега се зачлениле десетмина нуркачи. Првата акција им била во природните езера во Македонија, од каде биле изненадени колку смет било извадено од нив. Но, за жал, од клубот велат дека акциите се спроведуваат со помош и подршка од невладините организации, за разлика од Хрватска, каде на овие еко акции помош дава државата.

-Годинава сме нуркале во езерата Дојран, Младост, Охридско, Мавровско. Тие четири еколошки акции ги спонзорираше една невладина организација. За разлика од морињата каде што нуркаме во Хрватска, во езерата е матна водата, освен во охридско, но за жал и таму има многу отпад.На дното има многу отпад, но има некои места кои се чистат, но пак се валкаат. Ние се изненадивме колку е валкано Мавровско езеро, никој не се грижи за ова езеро, за чистотата. Секој ден има туристи, фрлаат се и сешто, најчето пластика.Општината и државата е глува, за разлика од нуркачките друштва во Хрватска каде им излегуваат во пресрет институциите, пред се во опрема, полнење боци, исхрана, спиење кога има нуркачки акции, вли Горан Видачек од нуркачкиот клуб при Македонско – хрватското друштво.

Тој со останатите колеги-нуркачи има организирано и еколошка акција за чистење на коритото на реката Пена во Тетово, како и акции за чистење на Јадранското Море во Хрватска. Секаде има смет, поради несовеста на граѓаните, но надвор од земјава тие акции добиваат голема подршка од државата, вели Видачек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот