Тетовка удрена од автомобил, пренесена во болница

Жена на 31 година како пешак е повредена утрово околу 5 часот и 20 минути во Тетово откако во неа удрил автомобил. Таа е однесена во тетовската клиничка болница каде е задржана за опсервација поради здобиените повреди.

– На улица „Видоја Смилевски-Бато” во Тетово, патничко моторно возило „ауди А8″ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Д.М. од тетовско Фалише, удрило во 31-годишната тетовка И.Т, која потоа со медицинско возило била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информират портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот