Тетовец телефонски барал пари од српски државјани за наводни сообраќајки во кои загинале нивни блиски

Полиција / Фото: МИА

Вчера околу 13.50 часот на ул.„Никола Тесла“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Р.М.(44) од Тетово, поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама“, казниво по член 247 од Кривичниот законик, за што денеска (23.06.2021) му е поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Тетово, информираат од МВР.

Р.М. се сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со вкупна имотна корист од 2210 евра. На оштетените телефонски или преку пораки им се јавувал дека нивни блиски загинале во сообраќајни несреќи и дека преку друго лице треба да му испратат пари за транспортни или други трошоци.

Р.М. и претходно бил кривично пријавуван дека на идентичен начин досега вкупно измамил четириесетина лица од нашата земја и од Косово, Србија и Албанија. Тој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот