Тетовец со возило повредил дури 10 пешаци

Фото: Илустрација

Еден потешко повреден и уште деветмина полесно повредени е последицата од инцидентот на локалниот пат во Горно Орашје, каде 61 годишен жител на Мала Речица удрел во 10 пешаци. Настанот се случил околу 13.30 часот, а сите повредени се повозрасни лица од 46 до 76 години.

– М.Ј.(61) од Мала Речица, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешаците: А.В.(75) од с.Јажинце, И.З.(76) од с.Непроштено, Џ.А.(58) од с.Доброште, Р.А.(73), А.А.(67) Р.М.(55) А.А.(71) с.Орашје, Б.Н.(46) сите од Орашје, Ќ.М.(65) од с.Пршовце, и С.Џ.(60) од Тетово – информира СВР Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека со телесни повреди завршиле сите останати пешаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот