Тетовец со пиштол се заканувал и барал пари од своја сограѓанка

Илустрација/Архива на Слободен печат

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(33) од село Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

-Пријавениот во текот на 2020, во повеќе наврати, на девојка од Тетово ѝ  упатувал закани дека ќе објави работи за неа доколку не му исплатела одредена сума пари. Пријавениот на 24.03.2020 отишол во куќата на оштетената, каде од неа и нејзиниот татко барал да му дадат пари, а при тоа со себе носел и пиштол- наведува МВР.

На 25.03.2020 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот во село Требош, тетовско, при што во дворот на куќата, во паркирано патничко возило „поло“, сопственост на неговата сопруга, под возачкото седиште бил пронајден и одземен пиштол марка „хартфорд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот