Тетовец со нож се заканувал во продажен објект каде работи неговата поранешна сопруга

СВР Тетово / СП. архива

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(28) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“. На 13.07.2020 во  продажен објект во тетовско село, дошол Д.С., почнал да ја навредува неговата поранешна сопруга, која работела во објектот и растурил прехранбени продукти во продавницата.

Тогаш дошол сопственикот на продавницата, заедно со И.А.(59) и започнале вербална расправија со Д.С. Пријавениот извадил нож и се упатил кон И.А. со намера да го повреди, но не успеал во намерата, по што го напуштил местото на настанот. Покрај ова, на 17.07.2020 година, Д.С. телефонски му се заканувал на сопственикот на продавницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот