Тетовец се заканувал со пиштол бидејќи медицинската сестра му наплатила болнички услуги

Илустрација/Архива на Слободен печат

По пријавата на случајот, полицијата веднаш интервенирала и Ф. Ш. и неговиот татко А. Ш., кој бил со него, биле задржани во полициската станица во Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Инцидент се случи синоќа во тетовската Клиничка болница, пишува сдк.мк.

СВР Тетово, информира дека вчера околу 12:30 часот, 24-годишниот Ф. Ш. од тетовското село Боговиње извадил пиштол на Гинеколошкото одделение и се заканил на медицинска сестра која му наплатила за болнички услуги за неговата сопруга.

По пријавата на случајот, полицијата веднаш интервенирала и Ф. Ш. и неговиот татко А. Ш., кој бил со него, биле задржани во полициската станица во Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Од тетовската полиција најавуваат дека против Ф. Ш. ќе биде изготвен соодветен поднесок и дека му бил одземен гасен пиштол „екол алп“, калибар девет милиметри, со празна рамка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот