Тетовец ранет во левата рака додека седел во паркирано возило

Жител на тетовско Пршовце во полиција пријавил дека вчера навечер бил нападнат и повреден додека седел во неговото паркирано возило пред семејната куќа. Тој за нападот и повредите на левата рака со остар предмет посочил жител на Глоѓи.

-Во СВР Тетово вчера во 22 часот и 40 минути, Џ.М.(49) од тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека околу 20 часот и 30 минути, додека се наоѓал во неговото паркирано возило пред семејната куќа, му се доближил и физички го нападнал Д.С.(28) од тетовско Глоѓи. Во нападот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет со кој му нанел повреди на левата рака, по што се оддалечил од местото, информираат од СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот