Тетовец пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид

Повозрасен маж од Тетово денеска е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој посочи дека кај лицето не се забележани траги на насилство и оти се работи за природна смрт.

– По барање на Јавен обвинител утре ќе биде направена обдукција врз телото на починатиот – изјави Димоски.

По пријава на граѓани веднаш на местото пристигнала екипа на Брзата помош, која констатирала смрт.

Според првичните информации, станува збор за лице на околу 60-годиншна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот