Тетовец приведен во полициска станица откако кај него е пронајден карабин, куршуми и рамка за автоматска пушка – Слободен печат
Хроника

Тетовец приведен во полициска станица откако кај него е пронајден карабин, куршуми и рамка за автоматска пушка

Полицијата синоќа во 20.30 часот, врз основа на судска наредба,  извршила претрес во домот на А.Џ. во Тетово, при што биле пронајдени и одземени карабин калибар 8 х 57 ЈС, три куршуми калибар 8х57 и една рамка за авотоматска пушка со 21 куршум калибар 7.62 милиметри.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодвена пријава, информираа денеска од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close