Тетовец крадел низ локални продавници, расчистени петнаесетина кражби

Апсење/Фото: МИА

Дваесет и осум годишен тетовец е приведен како осомничен за сторени петнаесетина тешки кражби во неколку тетовски села, информира СВР Тетово. На тој начин се расветлени кражбите во повеќе колонијални продавници кои во текот на овој месец биле пријавувани во полицијата.

-Осомничен дека е извршител на кражбите е 28-годишниот тетовец Ш.И., кој вчера 28 октомври околу 11 часот и 50 минути, бил лишен од слобода на улица „Браќа Миладинови” во Тетово и потоа задржан во Полициската станица Тетово. Против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Петнаесетината тешки кражби во колонијалните продавници се пријавени од местата Челопек, Радиовце, Милетино, Слатино и други села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот