Тетовец изрешетан со куршуми од две лица

Илустрација/Архива на Слободен печат

Четириесетгодишен тетовец е тешко повреден откако во него пукале двајца мажи од Тетовско. Инцидентот се случил по куса расправија, по што двајцата мажи испукале неколку куршуми кон сега повредениот и побегнале, информира МВР.

Настанот го пријавила сопругата на повредениот маж, која била сведок на нападот.

Повредениот Ш.М. веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде што му биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот