Тетовец криел куршуми во возилото, гостиварец превезувал патници без лиценца

Фото: МВР

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Тетово, откако во неговото возило полициските службеници откриле куршуми со непознат калибар.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Дебар поднесе кривична пријава против Б.П.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи”, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според истиот извор при преглед во неговото возило на регионалниот пат граничен премин „Блато” – Маврово, на десеттина километри од Дебар, кај месноста „Бошков мост”, полициските службеници пронашле куршуми со непознат калибар.

Исто така канцеларија поднела кривична пријава против Џ.С.(64) од с. Падалиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без обезбедување лиценца”.

На 23 минатиот месец тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат” со гостиварски регистарски ознаки врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот